JA slide show

Анкета

Кој јазик би сакале да го изучувате ?
 

Languages

Акредитација

maqs


Придружете ни се на Facebook

images


ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК PDF Печати Е-пошта

Ниво -   Anfanger
CEF : АО , А1 (степен1,2)
Времетраење :
1 степен  - 1 семестар
Број на часови :
92 (60мин) за секое ниво

Опфаќа два степени: Наменети се за ученици слушатели на возраст од 14 години па натаму кои немаат претходни познавања или пак имаат само основни предзнаења од германскиот јазик. Слушателите се запознаваат со: германскиот правопис и германската граматика. Учат како да се претстават, водат основни дијалози и општа комуникација во сегашно време што подразбира: учење на броевите, професии, земји, како и што да нарачаат во ресторан, еднина и множина на именките, времето на часовникот, деливи глаголи, модални глаголи, притоа градење на едноставни реченици, што прават во слободно време, нивни хобија, опис на предмети од домаќинството, купување на мебел во продавница, опис на својот стан или куќа, пишување на разгледница или кратко писмо. Наменети се за слушатели кои имаат основни познавања од германскиот јазик.Преку хуманистички, комуникативен и традиционален метод слушателите се запознаваат со малку посложени реченични конструкции, минато време, се зголемува вокабуларот и фразите. Целта на овие степени исто така е слушателите да се запознаат со секојдневни теми и на крајот од курсот да можат да зборуваат дијалози  во врска со здравјето, делови од телото, годишни времиња, пишување писма, дискусија за околината и правците на движење, степенување на придавките и слично. Слушателите можат да раскажуваат минати и сегашни случки. Во наставата се користат најразлични наставни средства ( аудио-видео опрема, картички, постери) за поголема визуелизација и интерактивност во наставата. Со завршувањето на овие степени слушателите се подготвени да полагаат Start Deutsch А1.1 и А1.2 кои се меѓународно признати тестови со кои се добиваат сертификати за познавање на германскиот јазик кои се издаваат од Goethe Institut- Gete institut.

Ниво -  Unter-Mittelstufe  (степен 3,4,5,6)
ЦЕФ : А2-B1(А2.1, А2.2, Б1.1, Б1.2)
Времетраење:
1 степен  - 1 семестар
Број на часови:
46 (60мин) за секое ниво

Опфаќа четири степени: Наменети  се за слушатели кои веќе во голем дел ја имаат совладано германската граматика.. Се изучуваат зависни реченици, антоними, редни броеви, финални реченици, идно време. Во овие степени јазикот е на повисоко ниво   и се очекува слушателите во целост да зборуваат на германски јазик и да можат без проблем да водат интервјуа, дијалози, да можат да раскажуваат текстови, да опишуваат слики. Со завршувањето на овие степени слушателите се подготвени да полагаат Zertifikat Deutsch од Goethe Institut-Gete institut.


Ниво  - Mittelstufe (степен 7,8,9,10)
CEF : B2-C1 (B2.1,B2.2,C1.1,C1.2)
Времетраење:
1 степен  - 1 семестар
Број на часови:
46 (60мин) за секое ниво

Опфаќа четири степени: Наменети се за слушатели кои веќе течно го зборуваат и владеат германскиот јазик. Се употребува хуманистички, комуникативен и традиционален метод. Во овие степени јазикот е на високо ниво, бидејќи слушателите во целост ја имаат совладано германската граматика, која се повторува во текот на тематските целини. Од слушателите се очекува да имаат потполна конверзација на германски јазик и тоа на тема: филм, патувања, музика, спорт, мода. Се прават посложени дијалози и пишување на состави при тоа употребувајќи односни реченици, партицип 1 и 2, негација, предлози, прилози, сложени минати времиња како и идното време. Со завршувањето на овој степен слушателите се подготвени да полагаат тест ZMP ( меѓународно признат сертификат кој се издава од Goethe Institut - Gete institut.

 


Покренато од Acvilla Corp. | web design | hosting solutions